ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ КУЛИТЕ „ЏЕВАХИР“ Се преврте автомобил, едно лице е повредено
На местото на несреќата дојде возило на Итната медицинска помош и од возилото беше извлечено повреденото лице кое го управувало возилото.
Едно лице е повредено попладнево кога автомобилот со кој управувало се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, во близина на кулите Џевахир.
На местото на несреќата дојде возило на Итната медицинска помош и од возилото беше извлечено повреденото лице.
Засега нема информации за природата на повредите и за причините за несреќата.