ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ „ИСТ ГЕЈТ“ Повредена жена од Италија
Повредената 66-годишна жена е пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски, информираа од МВР.
Повозрасна жена, италијанска државјанка, повредена е во сообраќајната несреќа што се случила синоќа во близина на трговскиот центар „Ист гејт“.
Сообраќајката се случила на булеварот „Гоце Делчев“ пред крстосница со ул. „Беласица“, помеѓу патничко моторно возило „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(48) од Скопје и патничко моторно возило „дачија сандеро“ со италијански национални ознаки управувано од Е.Л.(39) од Р. Италија.
Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „дачија сандеро“ П.Д.(66) од Р. Италија констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски – информираа од МВР.