ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ БРАИЛОВО, ПРИЛЕПСКО Мотоциклист сериознo повреден во судир со автомобил

Мотоциклот го управувал 21-годишниот З.Ш., а зад воланот на автомобилот бил 56-годишниот Д.В. и двајцата се од селото Десово.

69

Вчера попладне, околу 14:30 часот, на влезот во селото Браилово, општина Долнени, се случила тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл „кавасаки“ со регистарски ознаки од Македонски Брод и патничко возило „опел“ со прилепски таблици.

Мотоциклот го управувал 21-годишниот З.Ш., а зад воланот на автомобилот бил 56-годишниот Д.В. И двајцата се од селото Десово. Во судирот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница во Прилеп.






Полицијата извршила увид, а се работи на расчистување на причините за несреќата.

Поврзани содржини