ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ БЕРОВО Повредени млада девојка и маж

Се судриле „нисан микра“ со беровски и „мерцедес“ со скопски таблички.

1,088

На регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Шушлевец“, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан микра“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.П.(24) од Берово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(30) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.П., додека со телесни повреди се здобил И.М. констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Берово.

Поврзани содржини