ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ТУРЦИЈА Автобус налета на камион и се запали, најмалку седум мртви (ВИДЕО)

Локалните медиуми пренесуваат дека голем број од патниците се здобиле со тешки изгореници.

220

Најмалку седум лица загинаа, а 11 се повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу камион и патнички автобус во провинцијата Агри, на истокот на Турција.

– Седум наши државјани ги загубија животите, кога автобус налета на камион и се запали – потврди турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Ројтерс.






Локалните медиуми пренесуваат дека голем број од патниците се здобиле со тешки изгореници.

Голем број на спасувачи се испратени на лице место, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција.

Покраината Агри се наоѓа на границата на Турција со Ерменија и со Иран.

Поврзани содржини