Терористички напад во Ница? Тројца мртви, обезглавена жена! Доаѓа и Макрон (ВИДЕО)

Тој исто така повредил неколку лица во близина на црквата. Нападот се случил во близина на катедралата Нотр Дам.

759

Француската полиција го уапси напаѓачот за кој се сомнева дека убил три лица со нож во Ница, од кои на една жена и ја отсекол главата, пренесуваат француските медиуми.

Тој исто така повредил неколку лица во близина на црквата. Нападот се случил во близина на катедралата Нотр Дам.






Францускиот министер за внатрешни работи Герал Дарманен изјави дека полициската акција е во тек во Ница, пренесува „Ројтерс“.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, на Твитер изјави дека верува дека станува збор за терористички напад, како и дека напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ пред нападот.

– Осомничениот напаѓач беше ранет од полицијата за време на апсењето. Тој е жив и е на пат кон болница – изјави Естроси пред новинарите.

Тој рече дека убиената жена се обидела да избега од црквата и дека сакала да влезе во барот преку улицата од зградата.

– Што е многу, многу е – рече градоначалникот и додаде дека е време Франција дефинитивно „да го исфрли исламо-фашизмот од нејзината територија“.

Градоначалникот на Ница веднаш излезе на местото на настанот, а во Ница замина и францускиот претседател Емануел Макрон.

Истрагата за убиството со терористичка намера ја презеде париското обвинителство за борба против тероризмот.

Денешниот напад се случи непосредно откако еден човек со чеченско потекло го обезглави францускиот професор Самуел Пати во Париз.

Поврзани содржини