Термички камери на железничките станици во Солун и Атина

290

Како дополнителна превентивна мерка за мерење на температурата како на патниците, така и на вработените, на железничите станици во Атина и Солун поставени се термички камери.

Камерите се поставени на иницијатива на управата на грчката железница и од утре ќе почнат да функционираат.






Од грчката железница соопштуваат дека камерите се дополнителна превентивна мерка, а и понатаму се во сила претходно преземните мерки како што се задолжителна употреба на маска, поставени антисептици, секојдневна дезинфекција и сл.

Поврзани содржини