Популарна теретана во Краков, Полска успеала да остане отворена и покрај новите мерки против ширењето на коронавирусот, прогласувајќи се за продавница во која луѓето можат да тестираат опрема, но и за црква која нуди верски состаноци за промовирање на здрав начин на живот.
Викендов полицијата во Краков влегла во фитнес центарот „Atlantik sports fitnes džim skvoš klub” во кој десетина луѓе вежбале и покрај забраната за работа на теретани. Полицијата го идентификувало персоналот и посетителите, но не пишале казни бидејќи претставниците на теретаната тврделе дека се е легално.
Со оглед на тоа дека фирмата веќе има класификација за работа кој и овозможува вршење на малопродажни услуги „Atlantik sports” се прогласил за продавница во која луѓето би можеле да влезат и да тестираат опрема.
– Не сакам дупки во законите, но немам избор – вели менаџерката на тереѕаната Марта Хамроз.
– Не знам зошто удираат на фитнес индустријата кога црквите се отворени и трговските центри работат, одлуката е против секаква логика и не можам да ја разберам – додала таа.
Во моментов проверуваме дали е се според законите – изјавил полицаец.