ТЕПАЧКА ВО СКОПСКИ „ВОДОВОД“ Се скарале на кој кат да држи седница Управниот одбор

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Драган Илиевски на членовите на УО им забранил да држат состанок во канцеларијата на 4 кат, каде што со години се одржувале состаноци и им било речено да одат на најгорниот кат, каде нема канцеларија туку треба да држат состанок во ходник.

297

Во скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ денеска избил инцидент откако членовите на Управниот одбор се расправеле и се степале со обезбедувањето. Како што објави поратлот СДК, проблемот настанал поради просторијата во која требало да држи состанок Управниот одбор

„На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на „Водовод“ пријави дека во просториите на „Водовод“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“, потврди МВР за Мета.






Директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Драган Илиевски на членовите на УО им забранил да држат состанок во канцеларијата на 4 кат, каде што со години се одржувале состаноци и им било речено да одат на најгорниот кат, каде нема канцеларија туку треба да држат состанок во ходник. Членовите на УО не прифаќале да одат на петтиот кат, но обезбедувањето не ги пуштало да влезат во канцеларијата, по што настанала тепачка, објави СДК.

Членовите на управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ беа избрани од Советот на град Скопје, каде што мнозинството го има опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.  Директорот на претпријатието Драган Илиевски пак е назначен од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Поврзани содржини