ТЕПААТ ЖЕНИ, ПАРTНЕРКИ, ДЕЦА, СЕСТРИ… Семејното насилство во полн замав
Полицијата во билтенот наведува повеќе случаи на семеејноо насилство, и најавува дека за сите нив ќе бидат поднесени соодветни претставки.
Бранот на семејно насилство во земјава и натаму не стивнува. Жртви се сопруги, деца, родители, љубовни партнери… Во вчерашниот билтен на МВР
Во Полициската станица Кисела Вода во Скопје денеска е повикан на службен разговор И.С.(47) од Скопје, кој бил пријавен дека завчера околу 18:00 часот во домот физички го нападнал својот малолетен син.
Во скопската населба Карпош 30-годишна жена вчера пријавила во полиција дека истиот ден околу 17:30 часот во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Ж.Ј.(35) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.
Исто така во Карпош е 45-годишна жена пријавила дека во нејзиниот дом била нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Б.А.(51) од Скопје, кој исто така употребил и тврд предмет.
Во околината на Скопје полицијата вчера го упасила К.А.(27) затоа што агресивно се однесувал кон неговата 37-годишна сестра и ѝ упатувал закани. Таа пријавила дека претходната вечер била и физички нападната од нејзиниот брат, кој ѝ го оштетил и возилото.