ТЕПААТ ВО СТРУМИЦА, КРИВА ПАЛАНКА, КОЧАНИ… Филипче и СДСМ наместо програма, нудат насилство, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Додека Филипче и СДСМ прокламираат европски вредности на говорница, насилниците блиски до структурите на СДСМ се закануваат, тепаат и малтретираат граѓани. СДСМ си го покажа вистинското лице, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

475

Во СДСМ ништо не се менува, со години наназад јавноста има можност да ја види насилничката матрица на членови и активисти од редовите на СДСМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Позади реториката за европски вредности на СДСМ и на Венко Филипче се крие вистинското лице на СДСМ, каде што кандидати за советници тепаат луѓе, додава партијата.






„Додека Филипче и СДСМ прокламираат европски вредности на говорница, насилниците блиски до структурите на СДСМ се закануваат, тепаат и малтретираат граѓани. СДСМ си го покажа вистинското лице, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани. Кандидатите за советници во Советот на Општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДСМ и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ не нуди програма, план и визија, туку насилници и тепачи, се додава во соопштението.

„Друг таков пример е и градоначалникот тепач од Крива Паланка, кој освен што е насилник, исто така, ја злоупотребувал и службената положба и овластување. Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка, во слободно време во видно алкохолизирана состојба се однесувал како шериф и тепал припадник на МВР“, се вели во соопштението.

Долга е , се додава, низата на насилници од редовите на СДСМ.

„Таков случај е и советникот Аки Акимов од СДСМ кој делеше тупаници во Советот на Кочани и јавно се закануваше. Акимов може да се види во прегратките на Венко Филипче на фотографии, но Филипче не се огради ниту од овој случај на насилство. Филипче јавно да се огради од насилниците кои се дел од структурите на СДСМ. Насилниците во редовите на СДСМ се традиција. Луѓето како Христијан Ефтимов и Илија Стојанов не смеат да бидат иднина на државата, локалното раководство на СДСМ да се огради и да го осуди настанот“, бара ВМРО-ДПМНЕ.

На Струмица ѝ се потребни промени, а не насилници кои се служат со примитивни методи, соопшти владејачката партија.

Поврзани содржини