ТЕМПЕРАТУРИ ДО 35 СТЕПЕНИ ВО „РАНОТО ЛЕТО“ Можно е да заврне во четврток и во петок
Во среда во попладневните часови во планинските региони, а во четврток и петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Времето во среда, 4 мај, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 11 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 15 до 35 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите.
Во среда во попладневните часови во планинските региони, а во четврток и петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.