ТЕМНАТА СТРАНА НА АМЕРИКАНСКАТА ИСТОРИЈА 1.700 членови на Конгресот во минатото биле робовладетели
Меѓу конгресмените робовладетели бил и сенаторот од Мериленд, Едеард Лојд, кој во 1832 година поседувал 468 робови. Во ова друштво се наоѓал и сенаторот од Илиноис, Елиас Кент Кејн, кој во 1820 година се залагал за легализација на ропството.
Неодамнешното новинарско истражување во САД откри дека повеќе од 1.700 членови на американскиот Конгрес во минатото биле робовладетели. Како што објави Вашингтон пост, според анализите на регистарот на население и други релевантни извори, најмалку 1.700 членови на Конгресот биле сопственици на црни робови во текот на нивниот живот во 18, во 19 и во 20 век.
Меѓу конгресмените робовладетели бил и сенаторот од Мериленд, Едеард Лојд, кој во 1832 година поседувал 468 робови. Во ова друштво се наоѓал и сенаторот од Илиноис, Елиас Кент Кејн, кој во 1820 година се залагал за легализација на ропството.
Од Њујорк, од Њу Џерси, од Пенсилванија и од други држави до 20-те години од 19. век во Конгресот имало робовладетели. Речиси 20 проценти од Конгресот во 1860 и во 1861 година биле од робовладетелските кругови.
Во Конгресот на САД и до почетокот на 20 век имало сопственици на робови, кои исто така биле учесници во дебатите за ропството, како и актери во уставните реформи.