ТЕЛОТО НА 16-ГОДИШНАТА ТЕОДОРА ПРОНАЈДЕНО ВО ВАРДАР Потрагата траеше 6 дена

Причините и околностите под кои девојката исчезнала сè уште не се официјално потврдени, а ќе бидат предмет на понатамошна истрага.

722

Трагичен крај на потрагата по 16-годишната Теодора Бабарчиќ која исчезна на 24 јули во реката Вардар. Телото на малолетничката денеска околу пладне е пронајдено во близина на селото Старо Градско, во општина Градско.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото било забележано околу 12:10 часот.






„Пронајдено е телото на 16-годишната малолетничка која на 24.07.2025 исчезна во реката Вардар во атарот на село во општина Градско. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, соопштија од МВР.

Причините и околностите под кои девојката исчезнала сè уште не се официјално потврдени, а ќе бидат предмет на понатамошна истрага.

Поврзани содржини