ТЕЛО НА СРБИНКА ИЗВЛЕЧЕНО ОД МОРЕТО НА ХАЛКИДИКИ Лош почеток на сезоната во Грција

668

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.

Таа е пронајдена во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во средата околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.






Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.

Касандра (или Κασσάνδρα на грчки) е првиот и најзападниот „прст“ на полуостровот Халкидики во северна Грција. Таа се наоѓа југоисточно од Солун, на околу 70-90 километри возење, зависно од локацијата на тргнување.

Касандра е една од најпосетуваните дестинации од страна на туристи од Македонија, Србија и од Бугарија, поради блискоста, кристално чистото море, забавниот ноќен живот и големиот избор на сместувачки капацитети.

Поврзани содржини