ТЕЛО НА МЛАД МАЖ Е ПРОНАЈДЕНО СО ПРОСТРЕЛНА РАНА Трагедија во Штипско

451

Во атарот на штипското село Пиперово пронајдено е безживотно тело на млад маж. Според првичните информации пронајден е со прострелна рана. Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува.

Од СВР Штип потврдуваат дека кај нив е пријавено околу 16 часот, а на увид била полицијата и јавен обвинител.






Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.

Телото на починатиот ќе се предаде на обдукција.

Поврзани содржини