ТЕЛЕКОМ ИМ ПОМАГА НА МЛАДИТЕ ДА ИМААТ ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА ВРЗ НИВНИОТ ДИГИТАЛЕН ЖИВОТ Припадниците на Генерацијата Z имаат свои онлајн двојници
Со својата нова меѓународна кампања #OwnYourWorld, Дојче Телеком ги открива скриените дигитални закани – покажувајќи како личните податоци можат да се дуплираат, злоупотребуваат и експлоатираат.
Припадниците на Генерацијата Z имаат свои онлајн двојници, а повеќето од нив не знаат дека нивните податоци можат тајно да се клонираат и продаваат, без нивна согласност.
Со својата нова меѓународна кампања #OwnYourWorld, Дојче Телеком ги открива скриените дигитални закани – покажувајќи како личните податоци можат да се дуплираат, злоупотребуваат и експлоатираат. Кампањата, која е активна на девет пазари во Европа, каде е присутен Дојче Телеком, вклучувајќи ја и Македонија, ја поттикнува свеста, започнува дискусии и ги охрабрува младите луѓе да преземат поголема контрола врз своите дигитални животи.
– Можноста да го поседувате својот идентитет онлајн треба да биде основно право. Знаеме дека знаењето е моќ. Затоа сакаме да ѝ обезбедиме на Генерацијата Z знаење и самодоверба што им се потребни за да го „вклучат режимот за приватност“ во својот дигитален живот – вели Урлих Кленке, главен директор за бренд на Дојче Телеком.
Новото истражување нарачано од Дојче Телеком открива дека над 90% од европската Генерација Z изразуваат загриженост за својата дигитална приватност. И покрај тоа што пораснале онлајн, многумина од нив не се подготвени да се справат со проблемот, бидејќи само помалку од 7% се чувствуваат сигурни во управувањето со приватноста на своите податоци. Истражувањето, исто така, покажува дека над 70% од Генерацијата Z би сакале да имаат повеќе информации за самозаштита.
Разоткривање на реалноста
Дојче Телеком ја разоткрива реалноста на дигиталниот двојник преку музичко видео и песна, создадени во соработка со уметницата VTSS (Мартина Маја), полска техно продуцентка и диџејка позната по мешањето музички жанрови.
– Многумина од нас чувствуваат вознемиреност за тоа колкав дел од нас живее онлајн и колку малку контрола имаме врз тоа. Овој проект креативно го доловува ова – ставајќи го ова искуство пред огледало, со надеж дека тоа ќе им помогне на луѓето да се чувствуваат видени – коментира VTSS.
Видеото го визуелизира проблемот преку смело раскажување приказни, користејќи содржина во стилот на „brain rot“ за да покаже какво е чувството кога вашиот дигитален идентитет почнува да ви се лизга од рацете.
Дигитална платформа ownyourworld.online
Дојче Телеком ја лансираше дигиталната платформа, ownyourworld.online, којашто содржи серија од кратки мастер-класови создадени за да им помогнат на младите луѓе да ја преземат контролата врз својот дигитален живот.
Предводена од VTSS и изградена околу темите на индивидуалност и онлајн идентитет, серијата ги претвора сложените теми – од следење податоци до алгоритамско влијание – во содржина којашто може да се користи брзо и лесно.
Содржината е бесплатна, со неделни теми и забавни, едукативни содржини дизајнирани за социјалните платформи, вклучувајќи ги TikTok, Instagram, YouTube, Reddit, Twitch и Snapchat. Содржината е достапна и преку платформата Electronic Beats.
#OwnYourWorld е дел од долгорочната заложба на Дојче Телеком да ги поддржи и охрабри младите од Генерацијата Z да се движат низ нивниот онлајн живот со поголема самодоверба и контрола.
За оние коишто сакаат да преземат понатамошни чекори во заштитата на својот дигитален идентитет, страницата „Digitally Secure“ („Дигитално безбедни“) на Deutsche Telekom нуди практични совети, алатки и стручни укажувања за приватноста на податоците и безбедноста на интернет. Дознајте повеќе на: telekom.com/en/company/data-privacy-and-security/digitally-secure.
Во проектот учествуваа: INGO, Стокхолм, за креативен концепт, Стратегија за таленти и музичка супервизија: X&Berlin – Universal Music Publishing Group, Берлин, а режијата е на Шадрински, Париз.
Истражувањето е спроведено од Саванта, по нарачка на Дојче Телеком и објавено е на 20.06.2025 година. Направено е на 1.795 испитаници на возраст од 16 до 26 години, од 7 пазари (Обединето Кралство, Австрија, Словачка, Чешка, Хрватска, Полска, Германија).