ТЕКСТ НА БОБ ДИЛАН СЕ ПРОДАДЕ ЗА 508.000 ДОЛАРИ НА АУКЦИЈА Што пишува на пожолтените два листа?

Листовите содржат белешки, рачно напишани од Боб Дилан.

76

Нацрти на една од најпознатите песни на Боб Дилан, „Mr. Tambourine Man“, отчукани на машина, се продадени на аукција за 508.000 американски долари. Пожолтените два листа, инаку, содржеле 3 верзии на стиховите на песната, коишто на крајот не завршиле во крајната и снимена верзија, пренесува „Дедлајн“ (Deadline).

Листовите содржат белешки рачно напишани од Боб Дилан.






Песната, за којашто се верува дека е напишана во 1964 година, го достигна првото место на „Билборд хот 100“ (Billboard Hot 100), а беше и на врвот на листите во Обединетото Кралство.

По Дилан, песната ја преработи групата Брдс. И приказната на музичкиот новинар Ал Ароновиц за тоа како настанала песната е вклучена во продажбата. Ароновиц, имено, пишува како Дилан дошол во неговиот дом и ја минал ноќта пишувајќи го и уредувајќи го текстот на машината за пишување што била во куќата.

На наддавањето, на продажба беше и тексас јакната што Дилан ја носеше во филмот „Огнени срца“ (Hearts in Fire, 1987), како и некои други негови нацрти.

Би-би-си пренесува дека аукциската куќа продала предмети во вредност од речиси 1,5 милиони долари.

Поврзани содржини