ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА Е НАЈГОЛЕМАТА ГЛУПОСТ ШТО НИ СЕ СЛУЧИЛА Вељаноски забележува дека авторите на Пржинскиот договор продаваат демократија и демагогија

1,272

„Пржинска влада е најголемата глупост што ѝ се случила на Република Македонија. Авторите на пржинската влада гледам дека се големите демократи и продаваат демократија и демагогија во еден дневен печат“.

Ова на социјалната мрежа Фејсбук утрово го напиша поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во четвртокот изјави дека е подготвен да ја избрише техничката влада и да го укине правилото за поставување премиер Албанец 100 дена пред изборите.






Мицкоски им порача на лидерите на парламентарните политички партии наскоро да седнат на маса и да се договорат за бришење на техничката влада, која, според него, веќе нема ефект.

На ваквата негова изјава реагираа дел од албанските политичари кои му порачаа на Мицкоски: „Ќе прифатиме бришење на техничката влада само во пакет со изгласување на уставните измени“.

ЌЕ СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ САМО АКО ВЛЕЗАТ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ Албанските политичари му поставија услов на Мицкоски

Поврзани содржини