Тедрос: Пандемијата ја прекина вакцинацијата против опасни болести
Сега е вистинското време светот да се обедини и солидарно да обезбеди погодности за вакцинирање за сите - истакна Тедрос.
Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус, во својот говор на глобалниот самит за вакцинирање во Велика Британија, предупреди дека процесот на вакцинација против колера, детска парализа и други опасни болести е прекинат поради пандемијата на коронавирусот, пренесува руската агенција ТАСС.
– Пандемијата на ковид-19 не потсети колку е чувствителен човечкиот живот и дека во нашето глобално село здравјето на една личност зависи од колективното здравје. Сега е вистинското време светот да се обедини и солидарно да обезбеди погодности за вакцинирање за сите – истакна Тедрос.