ТЕЦ НЕГОТИНО ЌЕ РАБОТИ, АКО СЕ ОБЕЗБЕДИ МАЗУТ Ковачевски тврди дека струја за домаќинствата ќе има со иста цена

Генералниот директор на компанијата вели дека компанијата во целост ги испорачува потребните количините електрична енергија кон универзалнот снабдувач за домаќинствата ЕВН Хоум.

1,627

АД ЕСМ има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува, изјави денеска генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски.

– Засилен е  ископот на јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј за да се обезбеди стабилно производство на електрична енергија за домаќинставата, и го оптимизиравме производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана – рече Ковачевски.






Тој вели дека компанијата во целост ги испорачува потребните количините електрична енергија кон универзалнот снабдувач за домаќинствата ЕВН Хоум.

Ковачевски појасни дека набавката на дополнителни количини јаглен е за да се помогнат компаниите да добијат поевтина струја.

– Потенцираме дека набавката на јаглен, која ја спроведуваме по препорака на Владата, а во соработка со стопанската комора, заради високите цени на берзите во регионот и во Европа, е исклучиво за потребите на отворениот пазар, односно стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по цени пониски од моменталните цени на берзите – појасни Ковачевски.

Тој информира дека во текот на наредните денови ќе се склучи договор за набавка на јаглен за РЕК Осломеј за негова континуирана работа од декември до април 2022 година.

Ковачевски вели и дека за  РЕК Битола повторно е распишан повик со цел да се добие поголема количина на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.

Тој информира дека се прават координации со ТЕЦ Неготино за стартување на оваа термоелектрана, и доколку се обезбеди мазут истата ќе се стави во функција.

 

Поврзани содржини