ТЕЦ БИТОЛА ИСПУШТА СУЛФУР ДИОКСИД ДЕВЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТО Еко-свест бара државата да реагира навреме за да не се губат животи

Според активистите на Еко-свест во последните 10 години нема скоро никаков прогрес во намалување на загадувањето од електраните на јаглен.

238

Загадувањето од термоцентралите Битола и Осломеј во 2020 година е на истото високо ниво како и во 2019 година, покажува овиот извештај од CEE Bankwatch Network и Centre for Research on Energy and Clean Air (CREA), подготвен во соработка со Еко-свест.

Според податоците од извештајот, најголем проблем остануваат емисиите на сулфур кога станува збор за електраните на јаглен.






– Oџаците на битолската електрана, Битола Б1+Б2 (60.422 тони) и Битола Б3 (24.091 тони), остануваат најголем извор на сулфур диоксид во земјата. Ова се количини што се девет пати над она што е дозволено да емитува електраната и се повисоки од вкупните емисии на сулфур диоксид од сите електрани во Германија – велат од Еко-свест.

Според извештајот, проблем е и високата емисија на прашина, односно ПМ честичките која е повеќе од двојно повисока од дозволеното.

„Лани вкупно од двете термоцентрали се емитувани  3.684 тони прашина што е скоро на исто ниво  како во 2019 и 2018 година“, се вели во извештајот.

Oд Еко-свест појаснуваат дека според ЕУ директивите кои се пренесени и во македонското законодавство се наложува земјава да ги има намалено емисиите од големите капацитети заклучно со јануари 2018 година. Но, според извештајот, во 2020 година емисиите и понатаму се на опасно ниво, повеќе пати над дозволеното.

РЕК Битола е меѓу поопасните по здравјето на луѓето во регионот, велат од Еко-свест.

„Доколку емисиите биле доведени во законските граници, само во 2020 година би можеле да се спречат скоро 300 предвремени смртни случаи од рак, респираторни и кардиоваскуларни заболувања“, се вели во Извештајот.

Според активистите на Еко-свест во последните 10 години нема скоро никаков прогрес во намалување на загадувањето од електраните на јаглен. Тие очекуваат покрај донесениот план за престанок на употреба на јагленот како погонско гориво во производството на електрична енергија , тој да се реализира многу побрзо.

 

 

Поврзани содржини