📽 ТЕЈЛОР СВИФТ ЈА ЗАСЕНИ МЕГАН МАРКЛ Пејачката ѝ го украла моментот на војвотката со една најава

Војвотката Меган Маркл била убедена дека објавата на Свифт не била случајна, туку смислено одвлекување на вниманието.

694

Војвотката Меган Маркл наводно била вознемирена бидејќи Тејлор Свифт решила да го најави својот најнов албум само неколку часа по објавувањето на трејлерот за втората сезона на „Со љубов, Меган“, објави Експрес.

На 12 август, Меган на Инстаграм го сподели долгоочекуваниот трејлер за втората сезона на своето шоу. Но, подоцна истиот ден, момчето на Тејлор, Травис Келси, и неговиот брат Џејсон најавија дека во нивниот поткаст „Њу хајтс“ (New Heights) ќе имаат „специјална гостинка“ на 13 август.






Втората сезона од хит-серијата на Меган е многу очекувана по првата што се емитуваше во март, но се верува дека Меган смета оти Тејлор ѝ ја засенила најавава.

Во својата објава за втората сезона, Меган напиша:

„Најубавите моменти се за споделување. ‘Со љубов, Меган’ се враќа на 26 август на @netflix“.

Меѓутоа, само неколку часа подоцна, Тејлор излезе со сопствена најава. Во рок од 24 часа, објавата доби повеќе од 167 милиони прегледи, а 35-годишната пејачка се појави во поткастот „Њу хајтс“ за да го објави својот нов албум „The Life of a Showgirl“.

Според ексклузивен извештај од кралскиот коментатор Роб Шутер, Меган наводно била незадоволна од тајмингот. Тој тврди дека поранешната членка на кралското семејство чувствувала дека Тејлор намерно го одвлекла вниманието од нејзината објава.

Извор близок до продукцијата изјавил:

– Меган мислеше дека нејзиниот трејлер ќе доминира во медиумите. А потоа најавава на Тејлор се појави како урaган. Меган е убедена дека тоа не е случајност.

Опишувајќи ја нејзината наводна реакција, изворот продолжил:

– Таа го гледаше ова како свој момент на враќање, а Тејлор ѝ го извлече цел воздух од просторијата.

Во првата сезона на „Со љубов“, Меган имаше 8 епизоди и дебитираше во март 2025 година. И втората сезона ќе има 8 епизоди и сите ќе бидат објавени истовремено, на полноќ за гледачите во САД и во 8 часот наутро за гледачите во Велика Британија.

Како и првата сезона, и сега Меган ќе биде придружена од познати личности, меѓу кои манекенката Криси Тиген, гуруто за убавина Даниел Мартин и авторот Џеј Шети.

Поврзани содржини