ТАЗИ ДЕМАНТ НЕ Е ДЕМАНТ Што демантира Бајрам Реџепи, Катка не е Катка?!
Од ДУИ стаса демант за фотографијата на која се Катка Божиновска, кандидатка на Левица за градоначалник на Тетово и Арди Исмаили, шеф на тимот за односи на јавноста во штабот на Бајрам Реџепи, кандидатот на ДУИ во борбата против Билал Касами од Вреди. Во демантот има се, освен објаснување за оваа фотка. Еве, прочитајте го целото писание на Реџепи.
„Сакам да ја информирам јавноста дека фотографиите што кружат на социјалните мрежи, поврзани со една изборна средба, како и начинот на кој тие тенденциозно се толкуваат во некои медиуми, се целосно невистинити, злонамерни и со јасна пропагандна позадина.
За појаснување, станува збор за редовна изборна активност, на која јас, заедно со сопругата и активистки од Форумот на жената на НАИ, учествував на промотивен настан со жени интелектуалки од градот, во рамките на претставувањето на нашата изборна програма.
На настанот учествуваа многу жени од Тетово.
Кандидатката на партијата Левица не беше присутна на таа вечера и во ниту еден момент не се работи за состанок со одредени партиски структури или за нешто надвор од јавниот карактер на настанот.
Настанот беше целосно јавен, одржан во едно ресторан во центарот на градот, а секој обид да му се дадат други политички конотации е неоснован, тенденциозен и одвратен. Овој низок чин зборува повеќе за менталитетот на нарачателите на оваа ниска пропаганда отколку за самиот настан.
За разлика од другите, нашата коалиција за Тетово од самиот почеток е со граѓаните и за граѓаните.
Немаме што да криеме, ниту потреба да клеветиме.
На 2 ноември, во Тетово ќе победи слободниот и чесниот глас, а Тетово конечно ќе може слободно да здивне.
Со почит, Бајрам Реџепи“