„ТАТО“ ГО ПРОГОНУВА РУТЕ Шефот на НАТО се правдаше за изјавата за Трамп

Зборот „тато“ има посебно значење и ќе живеам со тоа до крајот на животот, изјави генералниот секретар на НАТО запрашан дали го нарекол шефот на САД „тато“. Според Руте со изјавата не го нарекол Трамп татко, туку сакал да каже дека „понекогаш тато мора да биде лут“.

0

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Вашингтонг се обиде да објасни зошто на самитот во Хаг лани го нарекол американскиот претседател „тато“.

– Можам да ве уверам – не. Тоа беше јазичен проблем. Понекогаш тато мора да биде лут, така мислев, не го нареков мој татко. – рече Руте oдговарајќи на новинарско прашање по средбата со Трамп во Белата куќа.






Генсекот на НАТО објасни дека зборот произлегол од разговор на холандски јазик. Сепак, призна дека изразот добил поинакво значење.

– Зборот „тато“ има посебно значење и ќе живеам со тоа до крајот на животот – рече Руте.

Тој додаде дека ситуацијата станала дури и смешна, особено по реакцијата на Трамп.

Контроверзата почна минатото лето. На самитот во Хаг, Трамп го спореди конфликтот меѓу Израел и Иран со тепачка меѓу деца.

– Нека се борат две, три минути. Потоа е полесно да ги запрете – рече тогаш Трамп.

Руте одговори:

– Понекогаш тато мора да користи груби зборови.

Изјавата предизвика критики во Европа. Дел од сојузниците ја оценија како претерана блискост кон Трамп.

Поврзани содржини