ТАТКОТО ВО ПРИТВОР, СИНОТ Е ЦЕЛОСНО ИСКЛУЧЕН ОД ФФМ Комисијата казни фудбалери и од „Шкупи“ и од „Брегалница“ заедно со клубовите
ФФМ казни двајца играчи на ФК Шкупи и на ФК Брегалница со приверемени забрани за играње, а казнети се и двата клуба поради пропусти во организацијата и поради физичкиот инцидентот. Синот фудбалер од „Шкупи“ чиј татко нападна двајца фудбалери на „Брегалница“ беше казнет со исклучување од фудбалската организација.
Фудбалската федерација на Македонија изрече неколку казни по инцидентот на мечот во Штип кој ја разбранува македонската фудбалска јавност. Додека на таткото на фудбалер од ФК Шкупи кој натепа двајца фудбалери од ФК Брегалница му е одреден притвор од 8 дена, ФФМ му изрече на неговиот син, Абдуљи Леарт со најстрога санкција – исклучување од фудбалската организација.
Според соопштението на ФФМ исклучувањето на Леарт е согласно член 43 став 2 од Дициплинскиот правилник.
Инцидентот се случи во 89-тата минута од натпреварот, кога судијата го исклучил од игра синот на осомничениот. Прво, момчето се однесувало несоодветно, обидувајќи се физички да се пресмета со противнички играч, по што на теренот влегол неговиот татко и со тупаници и клоци ги нападнал двајцата деца од „Брегалница“. Според обвинителството, едното дете се здобило со повеќе набиеници, а другото со скршеница на нос без дислокација.
Дициплинската комисија на ФФМ казни и уште двајца играчи на ФК Шкупи кои, според ФФМ, биле вклучени во физичкиот напад. Тие добија забрана да не играат во следните 3 месеци, додека играчот Гоцев Симеон од ФК Брегалница нема да смее да игра во следните 4 натпревари.
Додека ФК Шкупи ќе биде казнет поради физичкиот инцидент, ФФМ го казнува и ФК Бреаглница поради лошата организација на натпреварот кој с одржа на игралиштето „Бело брдо“ во Штип.
„Првостепената дисциплинска комисија утврди и организаторска и колективна одговорност на двата клуба.
Против ФК Шкупи 1927 е поведена дисциплинска постапка согласно член 51 од ДП, поради физички напад од страна на родители/навивачи врз противнички играчи, со што е сторен тежок прекршок од страна на навивачи/гледачи. Согласно член 29, санкцијата се однесува конкретно на екипата, помлади пионери која го сторила прекршокот.
Против ФК Брегалница 2008 е поведена дисциплинска постапка согласно член 48 од ДП, поради слаба организација на натпреварот и пропуст во обезбедувањето. И во овој случај, согласно член 29, постапката и евентуалните санкции се однесуваат на конкретната екипа, помлади пионери која била домаќин на натпреварот.
Против Алејса Виши, координатор на млади категории на ФК Шкупи 1927 се поведува дисциплинска постапка поради давање на лажни информации, измама и доведување во заблуда, односно ставање во Комет системот на ФФМ, лица во графата – шеф на стручен штаб и кондициски тренер кои воопшто не присуствувале на натпреварот Брегалница – Шкупи 1927“, соопшти Фудбалската федерација на Македонија.