ТАТКОТО СПИЕ ВО АВТОМОБИЛ, А СИНОТ ВО ПОДРУМ Бранко од Волково нема ни за леб
Најпрвин останал без својата жена, потоа и без работа, а сега и без својот дом, кој бил опожарен пред два месеци и сега живее под отворено небо со своето дете.
Jас спијам во автомобилот а синот во подрум, немаме пари ни за леб, вели Бранко Цветковски од скопско Волково, кој е самохран татко на седумнаесетгодишно дете со посебени потреби.
Животот не го милувал. Најпрвин останал без својата жена, потоа и без работа, а сега и без својот дом, кој бил опожарен пред два месеци и сега живее под отворено небо со своето дете.
– Останавме под ведро небо, јас спијам во автомобилот, а синот во подрумот, немам ниту јорган ниту ќебе, немам каде да одам. Поднесов за помош во Општина Ѓорче Петров, но од таму се уште немам никаков одговор. Од роднините нема никој да ми помогне. Детето не е хрането цел ден, немам што да му дадам, јас кога би имал една соба сега само да сме под покрив – вели Бранко.
Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да застане на нозе и да си го подобри животот тоа може да го направите на трансакциската сметка 210501705412630 на синот Бојан Цветковски или пак телефонскиот број 079 213 071.