ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ИТНО ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА Доживеал незгода додека ги хранел птиците

Засега не е познато колку ќе остане во болница и за тоа ќе треба да одлучат докторите.

1,589

Taткото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан Ѓоковиќ, денеска бил итно пренесен во болница каде што е примен на оделот за ортопедија.

Причина е неговата повреда на рамото.






Тој, според информациите, се повредил додека ги хранел птиците и паднал од столчето здобивајќи се со скршеница на коската на надлактицата.

Засега не е познато колку ќе остане во болница и за тоа ќе треба да одлучат докторите.

Инаку, неговиот син Новак Ѓоковиќ овие денови ги минува во Белград каде што ја одржува формата по Мастерсот во Монте Карло.

Поврзани содржини