ТАТКОТО НА КОСТА К. ВО ПРИТВОР Го обучувал синот да пука и не ги криел пиштолите
Пиштолите „ЦЗ Шадоу“ и „Ругер МК“ се наоѓале во непрописно обезбеден метален сеф и убиецот лесно дошол со нив, за да го оствари својот пеколен план.
На таткото на малолетното момче кое на 3 мај со истрели од огнено оружје уби 8 ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград му е определен притвор од 30 дена.
Во Вишото јавно обвинителство во Белград бил сослушан таткото В.К. бил сослушан таткото на ученикот и било оценето дека тој сторил „тешки кривични дела против општата безбедност“.
Таткото на рочиштето го негирал извршувањето на делото и детално ја изнел својата одбрана.
„Постои сомневање дека В.К. го обучувал својот син за ракување со огнено оружје и муниција, така што го однел во стрелачки клуб да вежба гаѓање со цел со огнено оружје и покрај тоа што момчето има 13 години и таквата активност и обука очигледно се несоодветни за неговата возраст“, објаснува Обвинителството.
Осомничениот ученик Коста К., по пристигнувањето во училиштето, извадил пиштол од чантата и го застрелал обезбедувачот, а потоа учениците и професорката по историја.
Ученикот во нападот употребил два пиштола кои ги зел од татко му. Министерот внатрешни работи Братислав Гашиќ рече дека и двата пиштоли имале законски дозволи.
Вишото јавно обвинителство во соопштение наведува дека постои сомневање дека осомничениот В.К. „не обезбедил услови за безбедно сместување и чување оружје и муниција, за да не можат да дојдат во сопственост на неовластени лица, заклучени и одделно одвоени во сефови, каси или слични ормари кои не можат лесно да се отворат“.
Така неговиот син Коста К. Дошол во посед на пиштолите „ЦЗ Шадоу“ и „Ругер МК“, кои се наоѓале во непрописно обезбеден метален сеф, се вели во соопштението.
Обвинителството соопшти дека детето со себе однело оружје и муниција во училиштето.
Сторителот на убиството не е кривично одговорен според важечките прописи, бидејќи не наполнил 14 години. Коста К. е сместен на опсервација во соодветна психијатриска установа за деца и младинци.