ТАТКО ОСОМНИЧЕН ДЕКА ГИ ЗЛОСТАВУВАЛ 16-ГОДИШНИТЕ ЌЕРКИ БЛИЗНАЧКИ Ужасно семејно и сексуално злосторство во Кавадарци
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста и за кривино дело Полов напад и силување, соопшти полицијата.
Тешко злосторство се случило во семејство во Кавадарци.
Според информациите на полицијата татко ги физички ги нападнал, а потоа сексуално ги злоставувал своите 16-годишни ќерки.
„ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста и за кривино дело Полов напад и силување. Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата“, соопшти полицијата.