„ТАТКО МИ ИЗВАДИ 10 МАРКИ НА МАСАТА И НИ СООПШТИ ДЕКА ТОА Е СЀ ШТО ИМАМЕ“ Ѓоковиќ се присети на најтешките моменти во животот

Неговата животна приказна е спој од талент, дисциплина и тешки околности што барале прерано созревање и носење на одлуки кои го одредиле неговиот пат.

1,954

Новак Ѓоковиќ, еден од најголемите тенисери на сите времиња, гостувајќи во емисијата „(Не)успех на прваците“ на Арена ТВ, која ја води Славен Билиќ, проговори за своето детство, семејните жртви и за клучните моменти што го обликувале како личност и спортист.

Неговата животна приказна е спој од талент, дисциплина и тешки околности што барале прерано созревање и носење на одлуки кои го одредиле неговиот пат.






– Мајка ми беше столб на семејството, а татко ми движечка сила – вели Ѓоковиќ, кој од најрана возраст се соочил со реалноста на животот во нестабилна средина.

Иако татко му се занимавал со скијање, му оставил слобода сам да одбере со што ќе се занимава. Така, покрај интересот за неколку спортови, Ѓоковиќ се одлучил за тенис – спорт кој, како што вели, бил и останува ужасно скап.

– Тоа беше еден од одлучувачките моменти во мојот живот, имав 10 години. Живеевме во Белград, но постојано се селевме. Кон крајот на деведесеттите години, во време на бомбардирањето, немавме стабилен дом, сè беше неизвесно – раскажува тој.

Ѓоковиќ се сеќава на момент кој длабоко го потресол – татко му ставил 10 германски марки на масата и му кажал дека тоа е сè што имаат.

– Во тој миг се разбуди некој инстинкт во мене. Инстинкт да пораснам предвреме, да бидам возрасен и да ја разберам сериозноста на ситуацијата – вели тој.

И покрај тешкотиите, татко му никогаш не се откажал.

– Ми рече – ќе најдеме пари, ќе создадеме услови, ќе го пробиеме патот, дури и ако тој сега не постои. Само треба да знаеш дали си подготвен за ова – се потсетува Ноле.

Таа поддршка, и покрај сите пречки, била пресудна. Таа вера од семејството му дала сила и мотивација да го следи својот сон – пат што подоцна ќе го одведе до врвот на светскиот тенис.

Поврзани содржини