ТАТКО ГИ НАЈДЕ ТРИТЕ ДЕЦА ИЗБОДЕНИ ДО СМРТ Хеликоптери трагаат по мајката која е главен осомничен

Мајката (45) за која локалните медиуми објавија дека боледувала од депресија, моментално е исчезната и се смета за главен осомничен за трагедијата.

511

Татко од Франција ги пронашол своите три деца избодени до смрт во семејната куќа.

Неименуваниот татко синоќа ги пронашол своите деца – две момчиња на возраст од 2 и 11 години и едно девојче (13) – мртви во нивната куќа во Таненг, ски-центар во близина на француската граница со Швајцарија, објави британски Дејли мејл.






Мајката (45) за која локалните медиуми објавија дека боледувала од депресија, моментално е исчезната и се смета за главен осомничен за трагедијата.

„Ле Паризиен“ објави дека во моментов по неа трагаат 60 полицајци, со поддршка на хеликоптери и нуркачки тимови.

Француската полиција во моментов ги испрашува роднините на семејството.

Поврзани содржини