Тасевски: Вакциниве ги пречекавте ко невеста од Пустец

Вакциниве ги пречекавте ко невеста од Пустец. Народна веселба за стар младоженец. Она кога си преплашен дека ќе останеш неженет за потсмев на цело село и одеднаш ко ќе ти речат: Најдовме невеста за тебе. Малку е со фалинки, ама невеста е, пишува актерот Сашо Тасевски на Фејсбук.

1,937

Aктерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил го коментираше денешното пристигнување на вакцините од Ковакс системот.

„Вакциниве ги пречекавте ко невеста од Пустец. Народна веселба за стар младоженец. Она кога си преплашен дека ќе останеш неженет за потсмев на цело село и одеднаш ко ќе ти речат: ‘Најдовме невеста за тебе. Малку е со фалинки, ама невеста е. И наместо два милиони евра (читај: вакцини), во мираз ти носи само 24 илјади, ама земај да не останеш и без нив‘. Особено ЕУ ако ти е стројник, не се одбива. Не ти е по ќеф ни невестава ни миразот, ама ај седи неженет“, пишува Тасевски.






Поврзани содржини