ТАРИФАТА НА НОТАРИТЕ ДЕСЕТКРАТНО ЗГОЛЕМЕНА?! Пред заминување од власт Лога потпишал согласност за поскапување на нотарските услуги

Левица ќе се заложи за преиспитување на ваквата одлука и во прва можност во Собранието ќе побара од новиот министер за правда и од Владата да ги намалат трошоците на граѓаните за нотарските услуги, имајќи го предвид нискиот стандард на живот и застапувајќи ги интересите на сиромашните и безимотните класи.

1,261

Почнувајќи од 1 септември, трошоците на граѓаните за составувањето на задолжителни нотарски акти, ќе изнесуваат најмалку 8.000 денари, соопшти Левица додавајќи дека министерот за правда во заминување, Кренар Лога, неколку дена пред напуштање на функцијата, задал нов удар на сè посиромашните граѓани на Република Македонија, зголемувајќи ја за два до три пати и без тоа веќе високата нотарска тарифа.

Според Левица, ова зголемување доаѓа по претходно мислење од Нотарската комора и добиена согласност од, како што велат, корумпираната техничка Влада составена од министри на ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.






„За споредба, досегашниот минимален надомест за нотарски акти изнесуваше 800 денари, што претставува десеткратно зголемување на трошоците за нотарски акт од мала вредност. Истовремено, дури и едностраните правни исправи во форма на нотарски акт поскапуваат повеќе од тројно, од досегашните 400 денари на 1.300 денари. Воедно, повеќето заверки на документи, кои за граѓаните се товар кој мора да го понесат за завршување и на најмала бирократска работа и процедура, отсега ќе се наплаќаат од страна на нотарите двојно поскапо. Ова претставува уште едно во низата поскапувања кои го отежнуваат секојдневното живеење и функционирање на граѓаните, а е наметнато од владејачките партии кои наместо да го штитат животниот стандард на граѓаните, ги застапуваат интересите на различни лоби – групи, го отежнуваат пристапот до правни услуги на безимотните и го продлабочуваат класниот јаз“, се наведува во реакцијата на Левица.

Оттаму велат дека принципиелно се залагаат за олеснување на пристапот до правда во македонското општество и за прилагодување на трошоците на граѓаните, согласно реалните економски прилики во државата.

Левица ќе се заложи за преиспитување на ваквата одлука и во прва можност во Собранието ќе побара од новиот министер за правда и од Владата да ги намалат трошоците на граѓаните за нотарските услуги, имајќи го предвид нискиот стандард на живот и застапувајќи ги интересите на сиромашните и безимотните класи.

 

Поврзани содржини