Таравари: Потребни се поголем број брзи тестови

Според него, во Гостивар со 100.000 граѓани реално треба да се направат миниум 1.000 тестови за да има објективна бројка колку има заразени граѓани.

505

Да имав ингеренции во Здравствен дом во Гостивар денеска ќе имаше многу повеќе тестирани, можеби пет – шест пати повеќе. Треба да бидат направени поголем број брзи тестови, имајќи предвид дека тие чинат не повеќе од 10 евра, а резултатите се добиваат за 30 минути до еден час, рече гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари во видео обраќањето во емисијата Топ тема на ваша страна на Телма телевизија.

Според него, во Гостивар со 100.000 граѓани реално треба да се направат миниум 1.000 тестови за да има објективна бројка колку има заразени граѓани.






– Во Гостивар ситуацијата е релативно стабилна. Има само четири лица заразени со коронавирус, од кои тројца се вработени во болницата, а еден е граѓанин – рече Таравари и додаде дека малиот број на инфицирани во Гостивар е резултат на совесноста на голем број од граѓаните, кои се придржуваат на сите препораки од централниот и од општинскиот кризен штаб.

Според него, во Општина Гостивар се извршените вкупно 140 тестрања, од кои само три отсто се позитивни.

Поврзани содржини
na