Лекарот и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари потенцираше дека прцентот на позитивни на ковид-19 секојдневно расте и дека на милион починати ние сме први со околу 400 починати. Тој ова го кажа во гостување на ТВ 24.
– Македонија е апсолутен шампион во регионот, после нас е Косов, па Босна и Херцеговина. Процентите се највисоки во однос на сите држави во нашето соседство. Есенскиот бран започна во сите држави и тоа беше очекувано – рече Таравари.
Изборната кампања беше каписла за зголемувањето на бројот на новозаразени, како и свадбите, забавите и собирањата. Тој смета дека мора да се работи, но и да се придржуваме кон протколите. Според Таравари, Комисијата за заразни болести нема стратегија и протоколи како да се третираат пациентите со ковид-19.