ТАРАВАРИ ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА Има ли лекарска грешка во случајот со смртта на 32-годишниот пациент?

Министерот Таравари денеска потврди дека одлуката за смена на директорот е донесена врз основа на извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, кој утврдил одредени неправилности во работата на болницата.

2,176

Министерот за здравство, Арбен Таравари, донесе одлука за разрешување на директорот на Општата болница во Куманово, д-р Стефан Трајановски.

Оваа одлука следува по објавените информации во медиумите за случајот со 32-годишниот пациент, Ведат Адеми, кој починал откако му била администрирана венска терапија што содржела аналгин, иако имал алергија на оваа супстанца, што довело до анафилакса.






Министерот Таравари денеска потврди дека одлуката за смена на директорот е донесена врз основа на извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, кој утврдил одредени неправилности во работата на болницата.

Сепак, министерот не прецизираше за какви конкретни пропусти станува збор.

Поврзани содржини