Тарантулата фатила цела птица, а видеото предизвикува кошмари за оние кои се плашат од пајаци
Снимката е објавена на „Редит“ и наскоро стана вирална на социјалните мрежи, иако не е јасно од каде точно потекнува.
Видео кое кружи по социјалните мрежи предизвика кошмари за многумина кои се плашат од пајаци, а на него се гледа тарантула која фатила птица.
Снимката е објавена на „Редит“ и наскоро стана вирална на социјалните мрежи, иако не е јасно од каде точно потекнува.
— Tumbavideos (@tumbavideos) September 5, 2020
Откако некој погрешно го идентификуваше пајакот како Голијат, Џејсон Данлоп, експерт во Природонаучниот музеј од Институтот за истражување на еволуција и биолошка разновидност во Лајбниц во Германија, за „Newsweek“ изјави дека најверојатно станува збор за тарантула „Avicularia avicularia“.
Тој додаде дека ретко се случува тарантулите да јадат птици.
– Претпоставувам дека тарантулата џвака што може. Во основа го регургира дигестивниот сок на пленот, а потоа го цица течниот остаток назад. Што и да остане – коски, пердуви – едноставно ги отфрла – вели Данлоп.
„Avicularia“ живее во дрвјата, а поголемите женки достигнуваат распон на нозете од приближно 12 см. Тие се црни и влакнести, со розова боја на краевите на нозете. Тие исто така имаат четири додатоци во близина на устата, од кои два содржат „заби“ исполнети со отров, а другите два се користат како канџи.
За среќа на секој што се плаши од пајаци, овие тарантули потекнуваат од дождовните шуми во Јужна Америка.