ТАМАРА ТОДЕВСКА СПОДЕЛИ ВИДЕО НА КОЕ ПЛАЧЕ СЕКОЈ ПАТ Мама ќе пее за вас додека дише (ВИДЕО)

Тамара пред два дена сподели видеото кое што е снимено токму од тој период кога учествуваше на Евровизија.

1,005

Македонската пејачка Тамара Тодевска е активна на својот профил на Инстаграм, а со видетото што го објави пред два дена, ги разнежни сите свои обожаватели.

Тамара со неверојатната изведба на песната „Proud“ на Евровизија во 2019 година ја воодушеви европската публика.






Истовремено, со нејзиното учество на Евровизија го оствари нашиот најголем успех на ова натпреварување.

Тамара пред два дена сподели видеото кое што е снимено токму од тој период кога учествуваше на Евровизија. Во тоа време, нејзиниот син Дарен имал само пет месеци.

„Ова ми е едно од оние видеа на кое плачам секој пат. Дарен имаше само 5 месеци кога бев на Евровизија. Првата полуфинална вечер не успеа никој да ме слушне од неговото плачење. Залепен за екранот ја слуша и галка мама. Моето злато. Ве сакам бескрајно деца мои. Мама ќе пее за вас додека дише“, напишала Тодевска во описот на видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

ФОТО: Инстаграм/Википедија

Поврзани содржини