ТАЛИБАНЦИТЕ ПРОГЛАСИЈА КРАЈ НА ВОЈНАТА Водачите ветија дека противниците ќе бидат помилувани
„Војната заврши, лидерот им прости на сите“, рече портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, додавајќи дека тие се посветени да им дозволат на жените да работат во согласност со принципите на исламот.
Талибанците денеска на своето прво јавно појавување по освојувањето на власта од прозападната влада на Ашраф Гани, објавија дека војната во Авганистан е завршена и дека сите нивни противници ќе бидат помилувани.
„Војната заврши, лидерот им прости на сите“, рече портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, додавајќи дека тие се посветени да им дозволат на жените да работат во согласност со принципите на исламот.
Муџахид на светот му ги соопшти плановите на оваа милитантна група во Авганистан, порачувајќи им на жителите на Кабул дека нема причина да се грижат, но посочи дека нивните постапки биле неопходни поради слабоста на претходната влада.
– За жал, претходната влада беше слаба и не ги исполни ветувањата. На улиците немаше полиција, закон и ред, бандите почнаа да ја преземаат власта во земјата, но името на Исламска држава се уште се користеше. Немавме друг избор освен да дејствуваме и да ги пуштиме нашите војници да влезат во градот – рече Муџахид.
Тој на жителите на Кабул им порача дека немаат причина за паника, и дека нивната безбедност е приоритет.