ТАЛИБАНЦИТЕ ОДРЖАА ВОЕНА ПАРАДА ВО КАНДАХАР Тие го покажаа запленетото американско оржје (ВИДЕО)

Во изминатите неколку недели, Талибанците започнаа голема офанзива против авганистанската армија, преземајќи контрола над голем дел од земјата.

1,449

Талибанците одржаа воена парада во јужниот авганистански град Кандахар, славејќи ја нивната победа над Соединетите држави и прикажувајќи голем број возила од американско производство запленети за време на нивното молскавично заземање на земјата.

Голем конвој со разни воени возила со стотици талибански борци во средата мина низ Кандахар. Возилата, запленети од сега веќе распуштената авганистанска војска, беа со вклучени сирени и кренати талибанските знамиња.






На парадата имаше десетици оклопни возила „Хамви“ од различни модели, како и патролни возила „М-1117“.

Талибански борци се возеа и во оклопни возила „МакксПро МРАП“, како и во бројни пикапи кои некогаш и припаѓаа на авганистанската полиција.

 

Се чини дека за време на парадата беше претставен барем еден хеликоптер „Блек Хок“. Леталото со знамето на милитантната група леташе над колоната на исклучително ниска височина.

 

Беа видени и други возила со талибански борци кои вееја знамиња и го покажуваа оружјето, славејќи го повлекувањето на западните војници од земјата.

 

Прославите во Кандахар се и по повод презентацијата на новиот гувернер на провинцијата, кој беше назначен од талибанците, Хаџи Јусаф Вафу. Новиот гувернер им се обрати на собраните на стадионот за крикет, ја пофали победата на Талибанците и ја предводеше групната молитва за одбележување на настанот.

 

Во изминатите неколку недели, Талибанците започнаа голема офанзива против авганистанската армија, преземајќи контрола над голем дел од земјата. Офанзивата кулминираше со заземање на главниот град на земјата, Кабул и колапс на владата.

 

Падот на Кабул предизвика брза и хаотична евакуација на преостанатите западни војници и нивните локални помошници преку аеродромот во главниот град. Евакуацијата беше нарушена поради неколку инциденти, вклучувајќи смртоносни напади на терористите на Исламската држава во кои загинаа околу 170 луѓе, вклучувајќи 13 американски војници.

Поврзани содржини