ТАЛЕСКИ ГИ РАСТУРИ РОМАНЦИТЕ Македонија со осум гола предност патува во Романија

Македонските ракометари веќе утре патуваат за Букурешт, каде в сабота со почеток во 17 часот ќе го одиграат вториот дуел од овој двомеч.

537

Македонската машка ракометна репрезентација ќе брани предност од осум голови разлика на реваншот од полуфиналниот мундијалски бараж во Букурешт, откако вечерва со фуриозна игра во завршните 15 минути триумфираше во Скопје над Романија со 30-22 (16-13).

Македонските ракометари добро го отворија натпреварот и по девет минути игра имаа предност од четири голови разлика (7-3). Уследи период на деконцентрирана игра во одбраната и серија од 3-0 на противникот, кој на средината од полувремето дојде и до израмнување на резултатот (10-10).






Тоа беше сигнал во игра да влезе капитенот Кирил Лазаров, кој брзо нанижа пет голови зад своето име и ја врати сигурноста во играта на „црвено – црните“ за „плус три“ на полувремето.

По само четири минути игра во вториот дел македонските ракометари стигнаа до највисока предност од пет голови разлика, а откако Романците во 43. минута се приближија на само гол негатива, уследи фуриозен финиш на македонската репрезентација, која предводена од Филип Талески (десет голови) обезбеди предност од високи осум голови за реваншот в сабота во Романија.

Поврзани содржини