ТАЛАТ БЕГА ОД ИНТЕРПЕЛАЦИЈА Арсовски бара да се дискутира за пцостите на спикерот
Еве не сака да ја стави интерпелацијата на дневен ред, очигледно е дека е исплашен, бега, се крие. Свесен е дека сето она што што го направил, не оди во полза на граѓаните и Собранието, вели Арсовски.
Помина подолг период од кога ја видовме снимката од пцостите, неартикулисаните и примитивните случувања кои произлегоа од однесувањето на Талат Џафери во Собранието, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
– Се обидуваше да ги избегне, да ги премолчи. Еве не сака да ја стави интерпелацијата на дневен ред, очигледно е дека е исплашен, бега, се крие. Свесен е дека сето она што што го направил, не оди во полза на граѓаните и Собранието, но за ова треба да сноси одговорност и треба што побрзо да ја стави да не речам веднаш, интерпелацијата на дневен ред од едноставна причина затоа што никој не смее да се однесува така примитивно во Собранието на Република Македонија и да ги навредува вработените и да го нарушува нивното достоинство, бидејќи сите тие луѓе имаат семејства а нивните семејства ги слушнаа пцовките и примитивниот начин на однесување на претседателот на Собранието Талат Џафери – изјави Арсовски.