ТАЛАТ ЏАФЕРИ ГИ ИЗГУБИ НЕРВИТЕ Не се доближувајте до мене, ако не сте за тепање!

Некои медиуми јавуваат дека по завршување на денешната тензична седница на Собранието, Талат Џафери на припадници на собраниското обезбедување им се обратил со погрдни зборови и со закани дека ќе бидат избркани од работа.

2,790

Попладнево и вечерва претседателот на Собранието, Талат Џафери, целосно ги изгуби нервите.

Откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, побара процедурално обраќање, а претседателот Џафери тоа не го дозволи, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во рацете застанаа пред говорницата.






– Оди таму сега, оди таму, седи на говорница – му рече Џафери на Мицевски.

Додека се броеjа резултатите од гласањето на пратениците, спикерот се обрати до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ:

– Правете што сакате да правете, до мене не се доближувајте. Јас да се плашам? Што сакате правете, но до мене не се доближувајте!

По усвојувањето на дневниот ред на седницата со 61 глас за, 39 против и без воздржани и по виктонтиците од опизициските пратеници, наместо ситуацијата да се смири, Џафери, од асега непознати причини, дофрли до еден пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

– Седете на свое место. Кој да се тепа, бе? Седи на свое место, ако не си за тепање. Ако не си за тепање, седи на свое место.

Некои медиуми јавуваат дека по завршување на денешната тензична седница на Собранието, дошло до сериозен вербален инцидент меѓу Талат Џафери и припадници на собраниското обезбедување, кои согласно протоколот влегле во салата за да ја проверат просторијата на пленарната седница. Наводно, Џафери им се обратил со погрдни зборови и со закани дека ќе бидат избркани од работа.

Ниту еден од членовите на обезбедувањето на Собранието не одреагирал на ваквите навреди.

(Фото: Курир.мк)

Поврзани содржини