ТАКСИ ВОЗАЧ ДОПИРАЛ И БАКНАЛ ПАТНИЧКА ОД СРБИЈА Осомничен е за сексуален напад
Завчера попладне девојка пријавила дека возачот ја допирал додека ја возел во Гази Баба.
Во СВР Скопје завчера вечерта пријавила 18-годишна девојка од Србија, со привремен престој во градот. Таа тврди дека завчера околу пладне, додека се возела во такси во Гази Баба, возачот ја допирал и ја бакнал.
Полицијата работи на расчистување на случајот.