„ТАКА СЕ БРАНАТ МАКЕДОНСКИТЕ БОИ“ Сиљановска Давкова им ја честита победата на ракометарите на „Алкалоид“

Реваншот во СЦ „Борис Трајковски“ Скопје ќе се игра на 25 мај. 

194

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова им ја честиташе победата на ракометарите на „Алкалоид’ кои синоќа славеа на гостувањето кај АЕК во Атина со 29:25.

– Честитки за витешката ракометна битка и победа на „Алкалоид“ над „АЕК“ во првиот натпревар на Европскиот куп. Горда сум на победниците! Особена благодарност до тренерот Кире Лазаров и главниот спонзор Живко Мукаетов! Така се бранат македонските бои! Триумфално влеговте низ портата на победата. Излезете низ неа со пехар в раце – напиша Сиљановска Давкова на својот профил на Фејсбук.






Реваншот во СЦ „Борис Трајковски“ Скопје ќе се игра на 25 мај.

Поврзани содржини