Македонија за празникот Рамазан Бајрам треба да го следи примерот на Турција, односно четиридневен карантин и празникот да се помине дома, порача лидерот на ДПА Мендух Тачи на прес конференција.
– Иако ние како земја не сме дел од високоразвиените земји имора да следиме како се однесуваат развиените западни земји. Од друга страна, како муслимани, ние мора да ги следиме и развиените земји кои имаат муслиманско мнозинство, во овој случај да ја земам Турција како пример. Особено ја следев позицијата на турската влада и нивните препораки за намалување на движењето за време на празникот. Мора да бидеме крајно внимателни, пандемијата не помина – рече Тачи.
Според него, граѓаните треба даги послушаат препораките на здравствените експерти кога станува збор за претстојниот празник и да останат дома.