Тачи: Ако има Влада без Албанци, тогаш можно е да има војна
Али Ахмети тврди дека неговата партија е за интеграција, а 20 години наназад е всушност националистичка партија. Тој е голем манипулатор и постојано провоцира. Ако нема Влада без Албанците, тогаш може да има војна - рече Тачи.
Не може да има Влада без Албанци, бидејќи таквиот потег ќе доведе до војна, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во гостување на ТВ21.
– Али Ахмети тврди дека неговата партија е за интеграција, а 20 години наназад е всушност националистичка партија. Тој е голем манипулатор и постојано провоцира. Ако нема Влада без Албанците, тогаш може да има војна – рече Тачи.
Тој во емисијата зборуваше и за изборната програма на ДПА, инвестициите и државниот буџет и заканите кои ги добил. Меѓутоа не сакаше да зборува за имиња бидејќи, како што рече, случајот е под истрага.