Тачи: Ахмети е во мртов агол, идејата за премиер Албанец е тешка манипулација
Во рамките на ова мислам дека е неблагодарно да се полемизира со Ахмети затоа што тој не ги разбира овие работи. Неговите советници му укажале дека ова може да биде единствената идеја што може да му ги врати гласовите.
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи идејата за премиер Албанец на Али Ахмети ја нарече тешка манипулација, потенцирајќи дека лидерот на ДУИ тоа го прави бидејќи се наоѓа во позиција на „мртов агол“.
– Тешка манипулација со емоциите на луѓето ,со емоциите на Албанците. Имаше 18 пратеници беше 10 години на власт со Груевски и ние немавме такви идеи и барања. Дволично купување на политички поени за НАТО и Преспанскиот договор, бидејќи да имаше јасни определби тоа ќе го направеа во 2003, 2008 година. Мислам дека на Ахмети му е јасно дека се наоѓа во „мртов агол“ и не може од тука да избега и сега како што пред 19 години им рече на Албанците дека ги ослободил и од тоа условно ослободување ние имавме неколку стотици мртви, неколку илјади куќи урнати и милијарди евра и долари штета во економија. Уште еднаш мисли дека така ќе успее да собере гласовите на Албанците – рече Тачи на прес конференција.
ДПА со години има идеја за заменик премиер Албанец, што според Тачи е етички, правно и политички коректно наместо предлогот на Ахмети.
– Во рамките на ова мислам дека е неблагодарно да се полемизира со Ахмети затоа што тој не ги разбира овие работи. Неговите советници му укажале дека ова може да биде единствената идеја што може да му ги врати гласовите. Се прави споредба со нашата идеја, претседателот на ДПА да биде заменик премиер или неточното пренесување на кампањата од 2014 кога ние тогаш исто имавме ваква идеја оти јас реков во кампањата дека јас ќе бидам премиер на Македонија. Не е точно. Јас реков дека јас претендирам на функцијата заменик премиер на Македонија, фигуративно јас ќе бидам премиерот на Албанците со еден политички концепт кој значи консензуална демократија и со внатрешни правни механизами да се сопре економската дискриминација на Албанците. Тоа се две различни работи. Таа идеја на Ахмети не е никаква идеја. Мислам дека без политички концепт на таа идеја тоа претставува имитација на поранешната Јусгославија. Ние имавме и претседател на претседателството наЈугославија, Албанец, но политичкиот концепт не му даваше никаква таква политичка моќ – рече Тачи.
Тој смета дека победникот на изборите ќе создаде влада како премиер и дека политичките партии на Албанците кои можат да имаат лимит на пратеници од 13 до 20 и нешто, нема да можат. Го повтори ставот дека 5 јули е датумот кога треба да има избори со оглед дека состојбата со ковид-19 ќе трае со месеци и затоа е потребна политичка влада.