🎥 ТАЧЕ РАЗОЧАРАН ОД АНКЕТАТА ШТО ЈА ОБЈАВИ МТВ Прашајте ги Гир, Агелер, Коп…

3,991

МТВ потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година, изјави лидерот на СДСМ, откако јавниот сервис објави анкета во која ВМРО-ДПМНЕ има двојно повисок рејтинг од опозицијата.

– Тоа што го гледаме на МТВ е анкета која е презема од еден институт којшто е многу близок со опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ, тоа сите го знаеме историски и МТВ всушност само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Така што ова прашање може треба да го поставите и до г.Гир, до амбсадорката на САД, холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често коментираат во однос на демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето итн. Ви кажувам дека ова комплетно може да ги потсети сите како изгледаа медиумите до 2016 година – рече Ковачевски.






Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на денешната изјава на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и претседател на СДСМ.

 

„Доколку политичарите имаат дилеми или несогласувања со начинот на известување на јавниот сервис или било кој друг медиум, наместо да споделуваат лични непримерни квалификации, можат да поднесат претставка до медиумските саморегулаторни тела и тоа до: Советот на честа при ЗНМ како и до Советот за етика во медиумите на Македонија и на тој начин тие да помогнат во детектирање на медиумите кои отстапуваат од новинарските стандарди“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

 

 

Поврзани содржини